2win800x200

Почна асфалтирањето на излезот на Битола од страната на Прилеп

Мај 11, 2018

-Денес започна асфалтирањето на излезот во правец Битола -Прилеп. Наскоро тротоари и осветлување, ова им го соопшти на граѓаните градоначалничката Наташа Петровска, на нејзиниот фејсбук профил.

 

Градежните работи на патот започнаа на 10 април кога Општина Битола со ЈП „Нискоградба“ ги отпочнаа градежните активности за реконструкција на влезот во Битола од страната на Прилеп. Од општинскиот буџет за оваа намена се издоени 8,5 милиони денари, а дополнителнни средства обезбеди ЈП за државни патишта.

-Влезот во Битола од страната на Прилеп подолго време беше запоставен, години наназад овој дел  се наоѓаше во програмата за уредување на градежно земјиште на општина Битола, меѓутоа за жал ситуацијата беше таква каква што ја гледавме до денес. Успешно го завршивем лобирањето пред ЈП за државни патишта, со кое што во синхронизација со ЈП „Нискоградба“ ќе го уредиме влезот во Битола . Одлучивме да не вршиме само покривање со асфалт на коловозот, туку претходно да го решиме проблемот со атмосферските води, затоа што доколку тоа не го направиме, набрзо асфалтот би се оштетил. Реконструкцијата на сообраќајницата ќе опфати 400 метри канализациска мрежа , тоа е најкритичниот дел каде канализацијата не беше решена, заради што овој дел е најоштетен, а реконструкцијата ќе се изведе до излезот на Битола, во должина од 2,5 километри. Целокупната тендерска постапка ја спроведуваше ЈП за државни патишта, изјави пред еден месец градоначалничката Наташа Петровска.

Според најавите булеварскиот влез, пак, ќе се уредува во фази, се до конечно завршување на постапката за експропријација.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани