Webp.net gifmaker

Екипи на ЈКП "Нискоградба" продолжуваат со работа на колекторскиот систем кој треба да ги собира отпадните води од Потпелистерието. Инфраструктурните работи се изведуваат во делови на потегот од Дихово па нагоре кон Бегова чешма .

Од ЈП „Нискоградба“ за Апла.мк соопштија дека прочистителната станица ќе биде сместена во близина на поранешната фарма во Дихово и ќе ги опфати сите отпадни води од Бегова чешма, па надолу се до Дихово, тоа значи од хотелот „Молика“, Детското одморалиште, доколу се стави во функција, хотелчиња, ресторани, вили во Потпелистрието, како и дел од селата во подножјето на планината.

Поради обилните врнежи од  дожд кои денеска го зафатија нашето подрачје екипи на ЈКП Нискоградба-Битола  интервенираа на канализационата мрежа, на чистење на сливници и решетки.

-Во текот на денешниот ден интервенирано е на улиците „Иво Лола Рибар“ ,ул.„ 9-та“ со чистење на канал, Новиот Пазар, улиците „Методи Патче“,„Елпида Караманди“, „4-ти Ноември“, кај Домот  за доенчиња, улиците „Васко Карангелевски“, „Тодор Паница“,„Игњат Атанасовски“, „Страшо Пинџур“... Остануваме во служба на граѓаните и понатаму будно ќе јас следиме ситуацијата на терен, велат од ЈКП Нискоградба –Битола.

nisko 5

nisko 4

nisko 3

nisko 2

Екипите на КЈП „Нискоградба“со расположливата механизација ги исчистија сите локални патишта во Општина Битола од  снегот. Патот кон браната Стрежево е прооден од саботата во попладневните часови информира директорот на ова јавно претпријатие Методи Сиљановски. Според него исчистени се улиците низ градот кои се предвидени за чистење со Програмата за зимско одржување на улици и патишта во Општина Битола.

nis 2

Согласно Оперативната програма за одржување на улици во зимски услови од вчера попладне до денес во утринските часови исчистени се улиците од прв и втор приоритет , а исто така се исчистени и приодите кон сите села што  се дел од Општина Битола, информираше за апла.мк  Методи Силјановски директор на ЈКП „Нискоградба“-Битола.

-До денес наутро се  исчистени улиците од прв и втор приоритет , исто така и патиштата до сите села во рамките на нашата општина , само приодите кон селата Ореово и кон Кукуречани се исчитени до денеска напладне. Што се однесува до споредните улици во градот  тие се чистат од утрово и чистењето е се уште во тек, изјави Силјановски.

Екипи на локалното јавно претпријатие „Нискоградба“ го чистат коритото на реката Драгор во централното градско подрачје на Битола.

Од ЈКП „Нискоградба“-Битола информираат дека во оваа фаза се интервенира по течението на реката од месноста „Црн мост“ до „Железнички мост“, односно во должина од околу 2 километри.

- Станува збор за редовна програмска активност и обврска на нашиот комунален сервис. Во оваа фаза нашите екипи вршат остранување на треви и други растенија кои нараснале на одредени делови внатре во речното корито. Во овој период од годината во реката нема многу вода, односно протокот е регулиран, а тоа пак ни овозможува поефикасно извршување на задачите. Во втората фаза ќе бидат исчистени сметот и други пречки на кои не им е местото во коритото но за жал несовесни граѓани ги фрлале во коритото, и во последната фаза ќе бидат исчистени наносите од земја и камења кои ги регистриравме на неколку делови од речното корито. Со оваа активност нема да има пречки за протокот на водата во реката Драгор, истакна Методија Силјановски, директор на ЈКП „Нискоградба“-Битола.

Од јавниот комунален сервис апелираат да не се фрла отпадок во коритото на реката Драгор, а во наредниот период ќе зачестат ад-хок контролите посебно на локациите каде во непосредна близина се сендвичарници и други објекти за брза храна, и од каде често во речното корито се фрлаат хартија, салвети и други отпадоци. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани