Февруари 21, 2019
 
Несовесноста на  битолчани отиде дотаму што почнаа своите автомибили да ги нудат на продажба на пешачките премини.

По битолски Широк Сокак  често можат да се видат автомобили, мотори и велосипеди. Денеска, пак,  граѓанин  си ја  паркираше  колата  пред кафулето каде седна да се напие кафе. 

Автомобил марка „југо“ претпладнево падна  во реката Драгор,а според очевидци во автомобилот немало возач. 

Битолачанец на среде  улицата Партизанска возејќи се ослободи од ѓубрето кое го носеше во автомобилот. Едноставно го отвори прозорецот и на очиглед на минувачите го фрли најлонот полн со отпадоци среде улицата  пред салонот за мебел „Симпо“ и си продолжи по патот. Како поминуваа автомобилите го распарчуваат најлонот, па улицата се преплави со отпадоци хартија и ѓубриште.

Ноќеска еден час по полноќ, засега непознати сторители, го запалија автомобилот  на прилепскиот новинар Зоран Милошески од порталот Публикум. Возилото било паркирано во гаража, но тоа не било пречка насилниците да си ја остварат целта. Автомобилот  е целосно уништен, а счучајот е пријавен во полиција.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани