2win800x200

Улицата во Старата битолска чаршија која води до седиштето на детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“, да го носи името на Коста Хаџи Антоновски,  идејниот творец на најпозната  детска ликовна колонија  „Мал битолски Монмартр“. Ваков предлог ќе поднесат советниците од ЛДП до Советот  на  Општина Битола, објави денеска претседателот на битолскиот огранок на ЛДП, Александар Касапов.

Младите ликовни творци од основното уметничко училиште Плзен од истоимениот град во Чешка, годинава се добитници  на Гран при наградата на 37. издание на меѓународната ликовна манифестација „Мал битолски Монмартр“.

Со добредојде од творецот на „Монмартр“,  Коста Хаџиантоновски и градоначалничката на општина Битола Наташа Петровска, синоќа почна најновото издание на оваа светска ликовна манифестација

Битола е подготвена за 37 издание на „Малиот Монмарт“ кое ќе трае од 23 до 30 мај. Манифестацијата ќе започне во среда вечер во 21 часот со отворањето на 36 Светска изложба во објектот во Старата битолска чаршија.  Преку сто и десет гости од 16 земји во  светот, денеска и утре пристигнуваат во Битола.

-Битола во наредните седум дена ќе биде еден од најголемите детски ликовни центри за младите таленти од светот.

Дваесет и две ликовни екипи ќе учествуваат на годинешното 37 издание на „Малиот битолски Монмартр“. Доаѓаат претставници од повеќе земји од Европа и светот. 

-Јас сум пресреќен што успеав да го донесам светот, туку во Битола, рече Коста Хаџиантоновски, творец на „Малиот Монмартр“, на денешната прес-конференција.

Меѓународниот ликовен конкурс „Битола 2018“ беше распишан во почетокот на септември 2017 , а треаше до 20 февруари годинава со тоа што на конкурсот учествуваа 326 училишта, со 10 777 цртежи, од 34 земји од Европа и светот. Меѓународното стручно жиро од вкупниот број на пристигнати творби на конкурсот за 36-та Меѓународна изложба на детски ликовни творби „Битола 2018 “ избра 781 творба, а изложбата ќе биде отворена на 23 мај во просториите на Националната детска ликовна галерија „Монмартр“.

-Предноста  е во тоа што многу земји од Европа и светот не учествуваат со една или две екипи туку со повеќе екипи, што се должи на магијата и афирмацијата што Малиот битолски Монмартр ја има во светот, рече Хаџиантоновски.

Коста Хаџиантоновски, основачот на детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“, по 37 години од „Мал битолски Монмартр“ и 36 години од Националната галерија, лобира и бара чаре како да обезбеди простор во градот за депо и галерија за над 55 илјади  жирирани детски ликовски творби, собирани низ годините.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани