Не се најде чаре за доствувачите на стока во Старата битолска чаршија. Откако неколкупати ги откорнаа од бетонот столбчињата кои ги држат синџирите на двата влеза во чаршија сега за време на викендот ги украле катанците.

Пак се откорнати зацементираните  метални столбчиња што пред месец и половина ги постави ЈП Пазари на влезот од Старата битолска чаршија од страната кај Ат Пазар.  За време на празникот столбчето е сосема откорнато од улицата и фрлено на патот.  Синџирите поставени на двата  влезови  во Старата битолска чаршија, од страната на Ат Пзар и од кај дрвениот мост , а кои не дозволуваат влез на возила на оваа локација очигледно им пречат на некои несовени дуќанџии или доставувачи на стока кои за да не ја носат робата на рака или на колички директно влегуваат со возила во заштитената зона. Од ЈП Пазари  беа децидни дека сообраќајот е забранет во оваа заштитена зона, а дотурот на стока дуќанџиите мора да го извршуваат со колички.

Синџирите на неколкуте влезови  во Старата битолска чаршија кои не дозволуваат влез на возила на оваа локација утрово повторно се вратени на своето место.

Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани