Street gif

Од минатата недела ЈП „Нискоградба“ започна со крпењето на улични дупките со бехатон коцки и со ладна асфалтна маса. Топол афалт не се поставува зашто Општината не располага со сопствена асфалтна база, во тоа не се инвестирало години наназад.

По синоќешниот снег, од ЈП „Нискоградба“ јавуваат дека до 15 часот ќе бидат дочистени улиците од прв и втор приоритет. Локалните патишта до селата во Општина Битола се чисти освен оние што се на патот за браната Стрежево. Но, планираат до 15 часот и тие да бидат исчитени. 

Поради топењето на снегот, на дел од коловозите се задружува вода, посебно во уличните дупки, па движењето на пешаците е отежнето.   

51405645 530348797374222 410024314247577600 n

Во зимски услови,лизгавите тротоари и коловозни ленти се најчестите фактори кои влијаат на безбедноста на пешаците ,па во овој период од годината ,има чести случаи на повредени лица -пешаци и лица учесници во сообраќајни незгоди, велат од СВР, па ги почитуваат следните совети :

 

-РОДИТЕЛИТЕ И УЧЕНИЦИТЕ НА ПОЧЕТОКОТ НА ВТОРОТО ПОЛУГОДИЕ ОД УЧЕБНАТА 2018/2019 ГОДИНА, ПОВЕЌЕ ДА ВНИМАВААТ И БЕЗБЕДНО ДА СЕ ДВИЖАТ ПО НАЈБЕЗБЕДНИОТ ПАТ ОД ДОМОТ ДО УЧИЛИШТАТА И НАЗАД ВО ОВИЕ ЗИМСКИ УСЛОВИ .

Од снегот исчистени се сите главни патишта, 70 проценти од споредните улици, приодите до сите градски населби, пазарите, дел од тротоарите, патеките низ парковите, приодите до институциите, соопштија директорите на јавните претпријатија од Битола кои со здружени сили учествуваат во расчистувањето на градот од снежните врнежи.

Алал- Апелот на Јавното претпријатие „Нискоградба“ допре до битолчани. Жителите од централното градско јадро, во делот околу Библиотеката, попладнево ги тргнаа паркираните возила, за комуналните служби утре да можат непречено да работат на чистење на улиците од снегот. Останува да се види дали повикот упатен од ЈП „Нискоградба“ ќе го послушаат и битолчаните во другите делови од градот.

49335468 1197299950421477 5235950048793067520 n

49693388 603422750091608 4299768996422483968 n

49808835 354855011962718 4657048698503561216 n

Ј’зк- Дел од возилата деновиве останаа паркирани низ градските улици и покрај обилните врнежи снег. Од „Нискоградба“ се пожалија дека им попречуваат во чистењето на коловозите и дека може да дојде до оштетување на паркираните коли, па замолија за поголема соработка со цел интервенциите да се извршат побрзо и побезбедно посебно поради најавите дека се очекува нов снежен бран.

49419761 319882331960734 2642278075366113280 n

 

50122809 221663062048618 6564056414635950080 n

455465

Страница 1 од 3

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани