Октомври 19, 2018

Натрупаните долгови на општините во областа на образованието, културата и социјалната заштита ќе се враќаат со пари од државната каса. Ваква одлука донесе синоќа Владата на седница на која беше усвоен предлог Ребалансот на Буџетот на РМ за 2018 година. Со ова,  најголема алокација на средства со Ребалансот,  има токму за општините, за кои се обезбедува финансиска поддршка  во висина од 3,020 милијарди денари, односно 50 милиони евра, со цел намалување на доспеаните, а неплатени обврски. 

На десет дена пред почетокот на учената година битолските училишта должат над 6,5 милиони денари за неплатена струја. Од 18 училишта на девет со блокирана сметка електричната енергија им е исклучена од крајот на јули. Од Општина Битола велат дека долговите се наследени од претходната власт, дури десет училишта се со блокирани сметки повеќе од шест години, а струја во школите претходниците престанале да ја плаќаат во април 2017 година иако уште не била сменета локалната власт.

Долговите за струја на поголемиот дел битолски училишта кои деновиве беа исклучени од ЕВН се наталожени од март 2017 година. Состојбата не е нова, но е поразителна зашто неплатените сметки се провлекуваат од времето на претходната локална власт до денес. Нема точна информација колкав е вкупниот долг, но неофицијално дознаваме дека изнесува околу 100 000 евра. Меѓу уличиштата има и такви кои седум години не плаќале струја за време на претходните директори.

Струјата не е единствената давачка која школите не ја подмирувале редовно, а биле со години толерирани. Во некои од нив вода не е платена од 2008 година.

И покрај напорите на Општина Битола за надминување на проблемите, училиштата во општината се во незавидната финансиска состојба, се огласи денес преку писмено соопштение градоначалничката Наташа Петровска.

Таа соопшти дека во школите наследиле долг од 4,5 милиони евра, па најголемиот дел училиштата се со блокирани сметки, а ова може да донесе и дополнителни проблеми во нивното натамошно работење. Долговите во училиштата се провлекувале со години наназад.

Владата ќе се задолжи во име на општините со нов кредит од 120 милиони евра за враќање на старите долгови. Со тие пари ќе се исплаќаат обврските кон добавувачите, а општините ќе го враќаат кредитот на подолг рок од 15 до 20 години, со пониски каматни стапки.

Страница 1 од 3

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани