Февруари 21, 2018

Општина Битола ја чинеше близу 9000 евра годинешниот дочек на Новата година на плоштадот Магнолија. Оваа сума е 6 пати помала во споредба со сумата  која ја трошел поранешниот градоначалник  Владимир Талески, или само 16 проценти од она што тој го прикажувал како трошок. Само еден месец по дочекот на Новата година, Општината даде отчет за потрошените пари, за разлика од бившата власт која 12 години не кажа колку чинат новогодишните забави и „Битфест“.

Општина Битола да се откаже од прославата на Нова Година на плоштадот Магнолија и средствата да бидат наменети за набавка на еколошки билборди, побара денеска , Борче Димитровски , советник  од опозицијата во Советот на Општина Битола, обелоденувајќи досега за јавноста непозната информација , дека изминатите години бившата локална власта од ВМРО-ДПМНЕ, трошела околу 50 илјади евра само за дочек на Нова Година.

Градоначалничката Наташа Петровска, вечерва,  најави скромна прослава за роденденот на Битола, а дел од средствата предвидени за таа намена ќе бидат пренаменети во други цели. Но, сепак таа посочи дека општината има и изненадување за битолачани.

Muzej baner 336

grne

28166921 1847625648592803 5615957191440807278 n

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани