2win800x200

ЈП „Пазари“  денеска комплетно го изми Новиот реонски пазар во Битола. Поради настанатата ситуација со коранавирусот ЈП „Пазари“ во изминатите неколку дена ги дезинфицира и ги изми двата пазари Градскиот зелен пазар и Новиот реонски пазар, како и управната зграда на ЈП „Пазари“ и објектите со кои стопанисува. 

горен 1

горен 2

Привремено се  затвора добиточниот пазар во Битола со кој стопанисува ЈП Пазари-Битола. 

Агенцијата за храна и ветеринарство донесе решение во кое стои дека поради состојбата со корона вирусот се забранува работењето на сточните пазари и собирните центри.

Во решението на Агенцијата стои дека сите животни кои ќе се најдат во промет без сертификат за здравствена состојба на животните или не се идентификувани ќе бидат одземени убиени и нештетно отстранети без надомест за настанатата штета , односно на трошок на одгледувачот , стои меѓу другото во решението од АХВ. 

-Во насока на почитување на препораките на Владата на Република Северна Македонија за превенција и спречување на ширењето на КОВИД 19 вирусот, Агенцијата за храна и ветеринарство донесе одлука и решение за забрана на работа на добиточни пазари.

Одлуката е донесена со цел превенција и елиминирање на секоја можност од ширење на вирусот.

Апелираме до нашите соработници и корисници на услугите, да ги почитуваат превентивните мерки кои ги донесе Владата на Република Северна Македонија и да сториме се што е во наша можност за да го спречиме ширењето на КОВИД 19 вирусот во државата, информираат од ЈП Пазари.

 владе 11

владе 12

владе 13

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани