2win800x200

Маршираме во спомен на депортираните еврејски семејства од Битола, жртви на холокаустот. Ќе испратиме порака за мир, заедништво и соживот, рече пратеникот на СДСМ во Собранието на Р. Македонија, Александар Кирацовски, денеска  во Битола.

-Преку овој Марш симболично ќе ја претставиме патеката низ која чекореле 793 семејства кои беа депортирани од Битола.Овој трагичен настан испраќа порака до светот како истиот може да биде суров и  ранлив доколку навреме не се спротивставиме на злото. Овој настан да остане во историјата и да не се повтори,  рече Кирацовски.

„Правниот факултет во Битола претставува дисперзирана испостава на Правниот факултет со седиште во Кичево, каде што токму во седиштето имаме негативен тренд на запишување студенти. Од друга страна фактите и аргументите покажуваат позитивен тренд на запишување на студенти и квалитет во Битола. Исто така имаме и голем број институции, Основен и Апелационен суд, Основно и Вишо јавно обвинителство, 146 регистрирани адвокати и адвокатски друштва, 7 извршители и 13 нотари.

Нови работни места за битолчани во турска инвестиција за производство на машини за чистење на улици, најавува  Александар Кирацовски, генералниот секретар на СДСМ,  во изјава за апла.мк.

Генералниот секретар на СДСМ, битолчанецот  Александар Кирацовски, присуствуваше на 66-от молитвен појадок во Вашингтон кој беше организиран од претседателот на САД, Доналд Трамп.

Генералниот секретар на СДСМ, битолчанецот Александар Кирацовски, како пратеник е составен дел од македонската делегација која престојува во САД, а ќе има можност да присуствува и на Молитвениот појадок во Вашингтон каде се очекува да биде и претседателот на САД, Доналд Трамп.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани