2win800x200

Дежурната екипа на Одделението за гинекологија и акушерство во ЈЗУ Клиничка болница Битола Д-р Маја Аврамовска, сестрите Весна Спасевска и Муневер Веџиу штотуку го донесоа на свет 101 то бебе за годинава, Михаил ,а изминатите 24 часа се родија вкупно 5 бебиња од истата деж. екипа предводена од Д-р Ристевска и Д-р Аврамовска. .

Новогодишна атмосфера веќе се чувствува во Клиничката Болница во Битола. Денес убав гест од страна на Бугарскиот конзулат во Битола. Ги израдуваа најмладите наши пациенти на Детското одделение како и дечиња кои се згрижени на другите одделенија во ЈЗУ Клиничка Болница. Бугарскиот конзул Димитар Иванов им подари новогодишни пакетчиња и подароци и им посака многу здравје. Од името на вработените во Клиничка Болница Битола како и од името на најмладите наши пациенти им се заблагодари директорот Др. Зоран Лазаров

Пред Ноговодишните празници има голем интерес од страна на јавни и приватни организации за донирање на пакетчиња и друга помош во болницата. Портпаролката Сузана Конеска апелира дел од донациите да се наменат покрај за децата и за другите пацинети во болницата за и тие да можат да ја почувствуваат празничната атмосфера.БОЛ

БОЛ2

БОЛ3

БОЛ4

БОЛ5

БОЛ8

Шпанската актерка Роси де Палма, муза на славниот режисер Педро Алмодовар, пристигна во Битоа и денес се појави на снимањето на филмот од белгиско-француско-македонска копродукција „Сирена во Париз“ што се одвива во Битолската клиничка болница. Де Палма на снимањето во Битола останува два дена. Taa е вклучена во сцени кои се снимаат во лифтот, низ ходниците и низ други простории во болницата.

Од филмската екипа од Битола која е вклучена во проектот велат дека иако е голема филмска ѕвезда, воопшто не е вообразена, туку се однесува многу природно, па без проблем можеле да се фотографираат со неа.

Битолската Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ стана болница „Свети Андре“ во филмот „Сирена во Париз“, во режија на Матијас Малзју, кој од денес почна да се снима во оваа здравствена установа во Битола. За потребите на филмот кој е белгиско-француско-македонска копродукција поставен e и натпис со новото име. Денес се снимаше во толаетите, собата за реанимација, ходниците, а следните денови во лобито, чекалниците и на паркингот.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани