Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола има шанса да бира нов лидер или да му ја даде поддршка за реизбор на актуелниот претседател на партијата, Борче Димитровски.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ од вчера објави вонреден генерален повик за избор на претседатели на 76 општински комитети во државата, кој ќе трае до 11 март. Ова според добро упатени извори во партијата во Битола е шанса за воспоставување на свои луѓе од доверба на новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ,  Христијан Мицковски, но и потег за реформи во партијата, односно да дојдат до израз членови кои постигнале  резултати на општинско ниво, но заради  одредени пријателски и роднински врски со поранешната гарнитура на Никола Груевски не дошле до израз.

Васко Ковачевски од СДСМ, бара Борче Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ јавно  да му се извини за изнесените клевети на ФБ, во спротивно ќе го тужи. Барањето за извинување  се однесува  на фејсбук статусот на Димитровски,  објавен на 28 декември минатата година,  во кој тој напиша дали првата одлука на Ковачевски како нов директор на РЕК Битола била да се отпуштат од работа 133 ангажирани лица во комбинатот, иако Ковачевски не е диркетор на РЕК. 

Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Борче Димитровски, денеска објави ФБ статус со кој го обвини Васко Ковачевски од СДСМ, дека како директор на РЕК Битола, отпуштил 133 луѓе ангажирани во комбинатот повеќе од две години. Ковачевски на својот ФБ профил му одговори дека не е директор на РЕК и не може да отпушта од работа. 

Три знамиња раширија  пред советничката говорница, советниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, по што ја напуштија денешната седница на битолскиот Совет, во знак на поддршка за притворените од настаните во Собранието на 27 април. Координаторот  Борче Димитровски, ваквиот потег го образложи од говорницата.

Општина Битола да се откаже од прославата на Нова Година на плоштадот Магнолија и средствата да бидат наменети за набавка на еколошки билборди, побара денеска , Борче Димитровски , советник  од опозицијата во Советот на Општина Битола, обелоденувајќи досега за јавноста непозната информација , дека изминатите години бившата локална власта од ВМРО-ДПМНЕ, трошела околу 50 илјади евра само за дочек на Нова Година.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани