Откако првото се исуши, утрово ново  дрвце е засадено  во Градскиот парк  во Битола на местото каде доајенот на македонската народна песна  Виолета Томовска лани   симболично засади „дрво на животот“ како добитничка на  наградата за животно дело „4-ти Ноември“ на градот Битола.

Томовска го засади првото дрво во алејата во Градскиот парк откако градоначалничката на Општина Битола , Наташа Петровска  ја даде идејата  во иднина сите добитници на наградата за животно дело да садат дрво во Градскиот парк.

Пред празникот на градот се подготвува делот каде што годинешниот добитник на наградата за животно дело „4-ти Ноември“ треба да засади дрвце.

А.Б

 

„Ќе доаѓам почесто за да видам како расти дрвото“, рече доајенот на македонската народна песна  Виолета Томовска откако денеска во Градскиот парк во Битола засади  симболично „дрво на животот“ како годинешна добитничка на наградата за животно дело „4-ти Ноември“ на градот Битола.

-Многу сум среќа што прва меѓу добитниците на оваа награда „4-ти Ноември“ за животно дело сум дел од оваа прекрасна иницијатива и верувам дека дрвото ќе ме надживее и мене.

Добитничката на наградата за животно дело ,,4 Ноември", Виолета Томовска, на свечената церемонија на доделувањето на наградите во Центарот за култура, рече дека не би сакала да зборува многу, туку да ги поздрави битолчани со песна. По ова ја испеа песната што композиторот Кире Костов ја има напишано за Битола. 

Неколку стотици гости во Големата сала на Центарот за култура во Битола синоќа заедно со познатата македонска пејачка од Битола, Виолета Томовска, ја испеја песната„Битола мој роден крај“. Ова беше еден од највпечатливите моменти на концертот што Томовска придружувана од групата „Фонтана“ го одржа во Битола на завршницата од фестивалот „Илинденски денови“.

Со настап на атрактивната фолклорна група од шпанскиот град Лорка, како и со избрана автентична програма на уметници од Севрен Кипар, Полска, Јапонија и од Грција, вечер во Битола завршува 48. издание на фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“.

Последната фестивалска вечер е насловена како фолклорна разгледница, а гостите од странство својот програмски настап ќе го посветат на наградените учесници, истакна Валентин Соклевски, во пресрет на вечерашното свечено затворање на фестивалот.

– Според востановената традиција, секое издание на фестивалот го завршуваме во античкиот театар на Хераклеа. Така ќе биде и вечер, кога гостите од странство ќе приредат интернационална фолклорна разгледница, а веднаш потоа целовечерен концерт кој е насловен како „Мојата Бабам Битола“, ќе приреди Виолета Томовска во придружба на групата „Фонтана и пријателите“ – потврди Соклевски.

Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“ се одржува под покровителство на Собранието на Република Македонија, а од оваа година е член на светската организација на фолклорни фестивали-ЦИОФФ

Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани