2win800x200

Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ од Битола подготвува адаптирана театарска претстава по драмата „Бегалка“ од Васил Иљовски во која актери –аматери ќе бидат лица со  попрачености со поддршка на ученици од битолски училишта. Премиерата ќе биде на 4 декември во 18 часот во Битолскиот театар по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост.

Лицата со интелектуална попреченост да добијат приоритет во имунизацијата по претходно спроведена детална анализа на здравствената состојба, бараат од Регионланиот центар „Порака“по последниот смртен случај на 19-годишната девојка со Даунов синдром во Битола. Тие со допис до Министерствата за здравство, труд и сопцијална политика и Народниот правобраниртел побараа да преземат дополнителни итни мерки со кои ќе осигурат соодветна здравствена заштита во услови на пандемија со коронавирусот за оваа ранлива категорија на граѓани.

„Во овој период кога е актуелна имунизацијата против ковид-19, потребно е вклучување на лицата со интелектуална попреченост како приоритетна група во масовната вакцинација на населението, на што задолжително треба да претходи детална анализа на здравствената состојба, а со тоа и избор на тип на вакцина“, посочуваат од Регионалниот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост.

Од Центарот велат дека имајќи ја во предвид нарушената општа здравствена состојба и слабиот имунитет кај повеќето лица со интелектуална попреченост, а со оглед на последиците кој корона вирусот ги предизвикува, потребно е овие лица да добијат приоритет при остварување на здравствена заштита (прегледи, третмани, интервенции, лекарства и хоспитализација) во време на пандемија.

„Воедно, да се обезбеди придружник при хоспитализација на лице со интелектуална попреченост, без ограничување на возраста, со цел успешно да се оствари потребната здравствена заштита. Ова е особено важно поради ограничената можност и потешкотии во комуникацијата кај лица со потежок степен на интелектуална попреченост“, пишува во соопштението.

Тие потсетуваат дека Република Северна Македонија ја има ратификувано Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост во 2011 година, па државата е должна да обезбеди највисок достапен стандард на здравствена заштита за нив без дискриминација врз основа на попреченост.

 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани