,Парови" е темата на музичко сценскиот перформанс, по повод 14 ноември,  роденденот на Народниот театар во Битола, закажан за вечерва во 20 часот

Под мотото „Напиши желба, а ние ќе ти ја остваримe“, битолскиот театар пред новогодишните празници ја започна акцијата „ОСТВАРИ ЖЕЛБА“ 

-Во ова време на подарување, но за оние кои не ни сонуваат дека желбите ќе им бидат остварени, а верувајте тие желби се толку скромни. Топка, книга, јакна, чизми…Ова е акција за децата од категориите на социјално загрозените семејства, за кои празниците се само уште еден ден за борба со немаштијата која ги следи верно во оваа стара, а и во следната нова година. Сакаме со поддршка на битолските компании и поединци, со нашата верна публика, малку да ги направиме радосни празниците за овие деца. А тоа се деца на семејства кои имаа егзистенцијални проблеми, деца на самохрани родители и ги спојува едно нешто…тешкиот животен пат. Им недостига многу, но овие ситници ќе ги израдуваат, велат од Народниот театар во Битола. 

Еве како да се вклучите во акцијата: 

Ги повикуваме сите оние кои имаат таква желба или познаваат некого на кого сакаат да исполнат желба, да ни испратат порака во дм тука, а ние ќе се потрудиме нивните желби да бидат исполнети.
Во пораката ставете:
* иницијали
* пол
* возраст
* и опис на желбата
Ние ќе ја објавиме листата на сите желби и ќе ги повикаме сите граѓани на Битола, нашата публика, нашите пријатели, поддржувачи, битолските фирми, кои со донирање на средства или купување на подароците ќе се вклучат во акцијата. Нема да го промениме целиот свет со тоа, но ќе го разубавиме нивниот свет на еден ден. 
 
Од Битолчани….
За Битола….преку Битолскиот театар
Страница 1 од 7

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани