ОПШТИНА БИТОЛА ОБЈАВУВА ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЛИЦА ЗА ЧЛЕНУВАЊЕ ВО СОВЕТ ЗА ПОДДРШКА НА ЖЕНСКОТО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Цел на Советот за поддршка на женското претприемништво на општина Битола е да ги претставува и застапува интересите на актуелните и потенцијални жени претприемачки во општина Битола преку давање на мислења и препораки за прашања од интерес на женското претприемништво и родовата рамноправност, креирање на планови, стратегии и политики за поддршка на жените претприемачки и економско зајакнување на жените.

Советот за поддршка на женското претприемништво на општина Битола ќе има за цел:

  • да креира програми
  • да создава можности за финансиска поддршка на жените претприемачки, како и
  • да креира стимулативни програми за започнување на нови бизниси на жените кои имаат желба да започнат своја претприемачка приказна за економско зајакнување.

На Јавниот повик може да учествуваат сите заинтересирани физички лица, претставници од бизнис сектор, претставници од образовен сектор, претставници од невладини организации, здруженија на граѓани и граѓански активисти кои работат во областа на на женските права, родова еднаквост и економско зајакнување на жените.

Повеќе информации за повикот може да прочитате на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/wordpress/wp-content/uploads/2023/09/20230911121855007.pdf

Со поставување на пристапни патеки, посебен лифт- платформа за инвалидски колички и тоалет приспособен за лицата со физичка попреченост по најнови светски стандарди, во Општина Битола целосно им е овозможена достапност на услугите на лицата од оваа категорија, како и можноста да работат во установата.

Советничката на ВМРО-ДПМНЕ, Анита Ангелевска мобилниот телефон „Ајфон“ што го добила како вработена во Општина Битола, од бившата власт, и по седум месеци од заминувањето од општинската администрација не го вратила назат. „Ајфонот“ денеска на Совет го побара градоначалничката Наташа Петровска и ја повика советничката што побрзо да се раздолжи.

Страница 1 од 3

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани