2win800x200

На покана на делегација од .Албанија,членки на Оргнизација на жени на Општина Битола остварија средба,со предлог за збратимување на двата града Битола и Поградец,како и друга билатерална соработка за женско претприемништво.

„Бевме гостинки во Општина Поградец каде срдечно не' пречекаа Флутура Шабија,претседател на Советот, Шпреса Блацери,советник во Општина Поградец и заменик градоначалничката на Општина Поградец. Ентела. Како прекрасни домаќинки на оваа средба,жените од Поградец не' почестија со една прошетка до селото Лин,сместено на мал полуостров на Охридското Езеро. Тука се откриени пронајдоци од византиска црква (во која бил крстен Јустинијан),која претставува културен споменик и има мозаик сличен на Хераклеа. Попатно ја посетивме и цркавата Света Богородица
После ова следуваше мала разгледница на Поградец,а пред поаѓање за Битола,домаќинките не' почестија со прекрасен ручек со желба за повторна средба кај нас во Битола“, соопштија од Организација на жена од Битола

Организацијата на жени на Општина Битола во соработка со Клиничката болница Битола, ќе ја спроведе акцијата „Март- месец на мамографија“ во која е предвидено да се снимат на новонабавениот мамограф 60 жени. Прегледот ќе биде бесплатен и ќе се изведува во текот на месец март.

Организација на жена од Битола ја испочитува традицијата и заврти мазник со паре. Да го најде парето среќа имаше претседателката Светлана Петковска. Досега не испуштила ни една Василица да врти мазник со членките од Организацијата, но среќата да ѝ падне парето и се насмевна дури по 30 години. Петковска смета дека годинава ќе биде наклонета кон женскиот активизам и борбата за поголеми женски права. 

Страница 1 од 3

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани