2win800x200

10 поранешни функционери во две групи ја тужат државата пред судот во Стразбур. Во првата се Миле Јанакиевски, Кирил Божиновски и Киро Тодоровски. Во втората група апликции која се уште не е објавена се Никола Груевски, Сашо Мијалков, Миле Јанакиески, Гордана Јанкуловска, Тони Трајковски, Едмонд Темелко, Владимир Талевски, Тони Јакимовски, објави Телма.мк.

Адвокатот Влатко Илиевски, сопруг на ексминистерката за внатрешни и правен застапник на сите, објаснува дека се повикуваат на аболицијата на претседатлеот Ѓорге Иванов.

На веб страната на судот  се гледа дека овие апикации се во фаза на таканаречени комуницирани предмети што значи дека се уште нема одлука. Обајснето е на што се однесува предметот но и на кои прашања треба да одговори државата.

Објавени се прашањата од судот што треба да ги одговори државата меѓу кои „Дали одлуките за помилување на Претседателот на државата од 12 април 2016 година беа неотповикливи“ и „Дали Актот за помилување беше од индивидуализиран карактер?“

Министерот за правда Бојан Маричиќ вчера на фејсбук објасни дека овие постапки пред ЕСЧП се во почетна фаза на комуникација, дека пред  10-тина дена биле доставени на одговор до Владата а за одлука може да се почека и до 3 години. Шпекулации и притисок ги нарече информациите дека може да има последици врз предметите што се водат против овие обвинети пред домашните судови и обвини дека за опозицијата единствена визија за правда е аболицијата на Иванов. Правда мора да има за сите, напиша Маричиќ.

Илиевски вели предметот е во фаза во која двете страни можат да преговараат. Тој минатата недела иницирал средба со владата за преговори но по вчерашниот статус на министерот за правда не е  е оптимист дека може да дојде до пријатеска спогодба но е оптимист во однос на исходот од постапките.

Собранието минатата година одлучувајќи по барањето за автентично толкување заклучи дека членот по кој дал Иванов помилување не постоел па врз основа на тоа надлежните објаснија дека и помилувањата биле незкаонски. Тој аргумент најавија дека ќе го користат и пред судот во Стразбур.  Претходно токму помилувањата на Иванов беа меѓу гавните аргументи на надлежните во Атина и Будимпшета за да одбијат да ги испорачаат Грујевски и Бошковски. 

Извор: https://telma.com.mk/2020/10/05/%d1%81%d1%83%d0%b4%d0%be%d1%82-%d0%b2%d0%be-%d1%81%d1%82%d1%80%d0%b0%d0%b7%d0%b1%d1%83%d1%80-%d0%be%d0%b1%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b8-%d0%ba%d0%be%d0%b8-%d0%bf%d0%be%d1%80%d0%b0%d0%bd%d0%b5%d1%88%d0%bd/

На Меѓународниот урбанистички конгрес што деновиве се одржа во Стразбур, на Генерланата дирекција на Вакфи од Турција на свечена церемонија им беше доделена наградата за архитектонска заштита на битолската Хајдар Кади Џамија..

 Битола деновиве е домаќи на VII FUTURA Регионален Moot Court натпревар за симулација на судски процеси пред Европскиот суд за човекови права во организација на CIVIL RIGHTS DEFENDERS. На натпреварот учество зедоа осум екипи од Правните факултети од регионот (Битола, Штип, Крагујевац, Бања Лука, Мостар, Зеница, Тузла и Витез).

Европскиот суд за човекови права во Стразбур ја одби жалбата на Владата на Република Македонија и на тој начин потврди дека е правосилна претходно донесената пресуда за регистрација на Православната охридска архиепископија (ПОА), на Јован Вранишковски. Во  ноември минатата година, судот во Стразбур донесе пресуда дека Владата на Република Македонија, со тоа што не ја регистрирала канонската Охридска Архиепископија, ги прекршила Членот 11 и Членот 9, односно ги прекршила слободата на здружување и слободата на мислата, совеста и религијата, кои била обврзана да ги почитува согласно на меѓународната Конвенција за човекови права, која ја има потпишано.

Во февруари годинава, пак, Владата одлучи да се жали пред Големиот Совет на споменатиот суд, во однос на донесената пресуда, но, судот одлучи да ја отфрли жалбата.

„Ја известуваме јавноста дека Големиот Совет на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, во Април 2018 година ја одби жалбата на Владата на Република Македонија, со што претходно донесената пресуда за регистрација на Православната Охридска Архиепископија стана правосилна“, наведено е во соопштението на ПОА.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани