Богата музичка програма во организација на Спомен куѓата на Тоше   Проески по повод 30 години од неговиот прв јавен настап на детскиот фестивал Златно славејче во ноември 1992 година.  Тогаш во конкуренција на голем број нумери на респектабилни музички композиторски имиња,  уште во прв круг, изборот падна на Тоше и Ема како дует за авторската песничка „Јас и мојот дедо“ испеана на влашки јазик, авторска композиција и текст на крушевчанецот Христо Христоски - Мулар,  инаку музички ментор на Тоше. Неговиот прв настап е експресно забележан од маестро Александар  Џамбазов. 

Градоначалникот на Крушево, Томе Христовски, даде предлог роденденот на македонската музичка легенда Тоше Проески, 25 јануари, да се прогласи за Ден на хуманоста, исто како што тој одржуваше безброј хуманитарни концерти додека беше жив.

Со песната на Тоше Проевски, " Среќна ли си ти", снимена на македонски и словенечки јазик,  хорот на словенечкото здружение "Триглав" од Битола, чиј раководител е Марина Коруновска, со честитки по повод 30 години од независноста на Република Словенија. Ја споделуваме оваа прекрасна изведба со нашите читатели

Крушево се подготвува за одбележување на уште еден роденден на Тоше Проески со пригодна програма во спомен куќата „Тодор Проески“ на 25 јануари со почеток во 12 часот.

Во рамки на овој ден ќе се одржат неколку ликовни изложби во спомен куќата „Тодор Проески“, а во официјалната програма ќе настапува „Уникат бенд“ и настап на Сара Ристеска придружена од Габриела Аврамоска. Свои точки во спомен на Тоше ќе имаат и СОУ „Наум Наумовски Борче“ и ООУ „Никола Карев“.

На одбележувањето на денот на раѓање на Тоше Проески ќе се обратат претседателот на Советот на општина Крушево Тома Петроски и директорката на спомен куќата „Тодор Проески“ Елена Мирчевска кои и со полагање на цвеќе ќе оддадат почит за пејачот и граѓанин на Крушево.

И овој 25 јануари 2020 година ќе биде во знакот на реченицата: „Тоше има само ден на раѓање“.

Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани