2win800x200

ЕКГ во вредност од 70 илјади денари донираше  денес СОКОТАБ ДООЕЛ БИТОЛА во Клиничката Болница Битола.

Хуманитрна помош за штитениците во Домот за стари лица „Сју Рајдер“ достави невладиното еколошко здружение „Еко жена“ од Битола. Членките на оваа организација, од средствата издвоен од членарината, во Старскиот дом донираа пижами, хигиенски средства, прехранбени продукти, домашно подготвени колачи, сокови, а една од членките им подари 30 пара рачно плетени калчуни, на што штитеницте посебно се израдуваа, велат од „Еко жена“.

Сенозорна соба за децата со посебни потреби е отворена денеска во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ од Битола. Во активностите во оваа сензорна соба покрај децата кои посетуваат редовна настава во ова училиште, можат да бидат вклучени и останатите кои ќе имаат потреба.

Ротаракт Широк сокак од Битола успешно ја реализирше  акцијата ‘’Играта продолжува со топол оброк’’, во која заедно со граѓанското здружение „Утешител“ за повеќе социјлано ранливи семејства донираше 4 тони храна. Донациите во текот на декември  се собираа на штандови поставени во неколку поголем маркет во градот, каде граѓаните купуваа нерасиплива храна и ја доствауваа до членовите на клубот. Викендов оваа храна заврши  во вистински раце.

Две влезни врати, еден паркинг за велосипеди и три метални корпи за складирање на пластични шишиња донира ФОД ДООЕЛ –Битола во ОУ „ Ѓорги Сугарев“-Битола.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани