Одлуката од денешната седница на Владата со која, почнувајќи од 16 јуни 2021 година (среда), престанува да важи забраната и посебниот режим на движење на лица и возила од јавен превоз на територијата на Република Северна Македонија, стапува на сила од вечерва на полноќ.

Владата на Република Северна Македонија на денешната 79-та седница ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и ги донесе следните одлуки:

- Почнувајќи од 16 јуни 2021 година (среда), престанува да важи забраната и посебниот режим на движење на лица и возила од јавен превоз на територијата на Република Северна Македонија.

- Исто така  од утре, 16 јуни, се укинува ограничувањето на работното време на сите угостителски објекти и угостителскиот објект/дел за исхрана во угостителските објекти за сместување (хотел, мотел, хостел, пансион и друг објект за сместување), на бензинските станици, казината и обложувалниците и други објекти кои во склоп на истиот даваат угостителски услуги, а за време на работно време се дозволува работа само на отворените делови – тераси од угостителскиот објект, освен служење пијалаци во внатрешноста на казината и автомат клубовите.

- Владата донесе заклучок да се дозволи одржување на настани на отворено со 50% од капацитетот на просторот каде што ќе се одржува настанот и ограничен број на посетители до максимум 1000 посетители.

- Согласно препораката на Комисијата за заразни болести од утре е дозволено организирање на свадби, прослави, веселби на отворен простор/летни тераси со максимум 50% исполнетост на капацитетот на отворениот дел, наместо максималните 100 гости како што беше до сега.

- Владата донесе заклучок да престане да важи обврската угостителскиот објект во кој има прослава да ја регистрира и пријави прославата во угостителската комора која води регистар на свадби, прослави и останати веселби.

Соодветно на овие заклучоци и одлуки, Владата препорача да се измени и дополни Протоколот за организирање на свадби/прослави и веселби.

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапки и поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 12 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија 

Владата  на денешната 68-ма седница донесе одлука со која од 5 мај, среда, забраната за движење наместо од 21:00 часот, ќе започнува од 23:00 часот и ќе трае до 05:00 часот наредниот ден.

Комисијата за заразни болести на  состанокот утрово предложила полицискиот час од  среда, 28 април да почнува во 21 часот и да трае до 5 часот изутрината, информираше МИА.

Исто така, Комисијата предложила   да се отворат кафулињата и рестораните, но само терасите и градините.

Комисијата ќе го достави предлогот до Владата, која за него треба да одлучи на седница.

Страница 1 од 4

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани