2win800x200

Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ од Битола подготвува адаптирана театарска претстава по драмата „Бегалка“ од Васил Иљовски во која актери –аматери ќе бидат лица со  попрачености со поддршка на ученици од битолски училишта. Премиерата ќе биде на 4 декември во 18 часот во Битолскиот театар по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост.

По повод Mеѓународниот ден на лицата со попреченост на плоштадот Магнолија беше промовирана инклузивната сликовница ,,Свет за сите“ изработена во рамките на проектот ,, Свет за сите- зашто љубовта не познава пречки“, а поддржана преку социјалната програма на Општина Битола за 2021 година.

Во креирањето на сликовницата учествуваа корисниците на ЦПЛИП „Порака“, заедно со основни, средни училишта, поединци од градов и пошироко, како и творци кои учествуваа во ликовно- литературниот конкурс ,, Уметноста не перцепира попреченост“.

Музичко литературниот перформанс беше збогатен со изведба на македонска народна музика со учество  на талентираните Теодора Колевска и Елена Петровска кои уште еднаш покажаа дека лицата со попреченост имаат можности, таленти како и другите, докажаа дека сите заедно сме еднакви, исти и дека само така можеме да градиме општество во кое љубовта ќе покаже дека има бескрајност.

Самиот процес на создавањена ,,Свет за сите“  ги сплоти учесниците кои се запознаа меѓу себе и уште полесно ги прифатија членовите на „Порака“ како рамноправни на себе, и станаа идни амбасадори за недискриминација, соживот и еднаквост на лицата со попреченост. Во реализацијата на проектот учествуваа корисници и членови од ЦПЛИП „Порака“ Битола со претседателката Јулијана Трајчевска, одделенските настванички  Весна Гагаловска  од ОУ „Тодор Ангелевски“,  Лидија Поповска  од  „Трифун Пановски“, професорите Александар Грујовски- Државно музичко училиште Битола, Никола Панев од Штип и Јована Талевска – СОМУ ,,Др-Јован Калаузи'' Битола. 262956910 1668395636840863 517402998506622322 n

263331601 229310655949489 2724033962467777552 n

263534069 432936628366769 2006239853432418031 n

263554655 336501991147595 387850879124338711 n

Лицата со интелектуална попреченост да добијат приоритет во имунизацијата по претходно спроведена детална анализа на здравствената состојба, бараат од Регионланиот центар „Порака“по последниот смртен случај на 19-годишната девојка со Даунов синдром во Битола. Тие со допис до Министерствата за здравство, труд и сопцијална политика и Народниот правобраниртел побараа да преземат дополнителни итни мерки со кои ќе осигурат соодветна здравствена заштита во услови на пандемија со коронавирусот за оваа ранлива категорија на граѓани.

„Во овој период кога е актуелна имунизацијата против ковид-19, потребно е вклучување на лицата со интелектуална попреченост како приоритетна група во масовната вакцинација на населението, на што задолжително треба да претходи детална анализа на здравствената состојба, а со тоа и избор на тип на вакцина“, посочуваат од Регионалниот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост.

Од Центарот велат дека имајќи ја во предвид нарушената општа здравствена состојба и слабиот имунитет кај повеќето лица со интелектуална попреченост, а со оглед на последиците кој корона вирусот ги предизвикува, потребно е овие лица да добијат приоритет при остварување на здравствена заштита (прегледи, третмани, интервенции, лекарства и хоспитализација) во време на пандемија.

„Воедно, да се обезбеди придружник при хоспитализација на лице со интелектуална попреченост, без ограничување на возраста, со цел успешно да се оствари потребната здравствена заштита. Ова е особено важно поради ограничената можност и потешкотии во комуникацијата кај лица со потежок степен на интелектуална попреченост“, пишува во соопштението.

Тие потсетуваат дека Република Северна Македонија ја има ратификувано Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост во 2011 година, па државата е должна да обезбеди највисок достапен стандард на здравствена заштита за нив без дискриминација врз основа на попреченост.

 

Страница 1 од 3

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани