Седуммина вработени во Службата за терхничка сигурност при РЕК „Битола“ ги исчистија од вегетација Еврејските  гробишта во Битола. Вработените кажуваат дека помош од Компанијата да се вклучи во чистењето била побарана од израелскиот амбасадор Дан Оријан, а тие акцијата ја спровеле во јули. Со чистењето ги опфатиле сите пет хетари од гробиштата. Теренот го исчистиле со тримери набавени од страна на Синдикалната организација при РЕК„Битола“. Истата оваа екипа го исчисти од  трева и друга вегетација опкружувањето на манастирот „Св. Арангел“ во Битола. Вработените велат дека ова е уште еден доказ за Компанијата како општество одговорна која им помага на граѓаните и институциите. 

Во 2018 година се вршело мерење на емисиите во дел од месеците кога Термоелектраната Битола работела, а во 2019 година емисијата се мерела речиси без исклучок, секој месец. Тоа значи дека нема зголемување на загадувањето туку дека мерењата се за различни периоди, соопштија од РЕК „Битола“ по објавувањето на Ивештајот на мрежата Бенкович дека комбинатот во 2019 година ги дуплирал испутениот сулфур диоксид и прашина.

„Податоците на мерните станици за следење на загадувањето во Битола, во континуитет покажуваат концентрации на SO₂ стотина пати пониски од пропишаниот праг. Врз количеството на емисиите влијае бројот на работни часови на РЕК Битола, а во 2019 година трите блока на РЕК Битола работеа речиси секодневно во текот на дванаесетте месеци. Зголеменото производство на електрична струја секако подразбира и зголемени емисии. Во 2018 година се вршело мерење на емисиите во дел од месеците кога Термоелектраната Битола работела, а во 2019 година емисијата се мерела речиси без исклучок, секој месец. Реалните податоци, пак, за емисиите подразбираат волја на менаџерскиот тим на АД ЕСМ и РЕК Битола отворено да ги согледаат проблемите и да најдат соодветни решенија за истите. Оттаму, не станува збор за “дуплирање” на емисиите, туку за промена на начинот на нивното мерење, како и динамиката на работење на Термоелектраната Битола“, соопштија од РЕК „Битола“.

            АД ЕСМ и Подружница РЕК Битола ги поздравуваат напорите на сите организации и поединци во справувањето со еден од најгорливите проблеми во нашата земја – загадувањето на животна средина. Додаваат дека нивниот однос кон овој проблем изминатите три години беше отворен, инклузивен, искрен и транспарентен.      

„Разликата во податоците од мерењата на емисиите помеѓу 2018 и 2019 година се јавува заради повеќе фактори. Најпрвин, мерењето на емисиите не се одвива континуирано, туку периодично. Согласно обврските од Дозволата за усогласување со Оперативниот план за заштита на животната средина, АД ЕСМ и Подружница РЕК Битола се во постапка за набавка на опрема за континуирано следење на емисиите и истата се очекува да биде инсталирана до септември годинава. Напоменуваме дека обврските за заштита на животната средина, содржани во Оперативниот план ги презеде актуелното раковдство на АД ЕСМ и РЕК Битола, иако постапката беше започната уште во 2007 година. Ние имаме искрена намера обврските за заштита на животната средина да ги ставиме во институционална рамка и новиот и ревидиран Оперативен план го подготвивме во декември 2019 година. Но, АД ЕСМ и РЕК Битола не се сами во постапката. Свој придонес мора да дадат сите, вклучувајќи го и Министерството за животна средина“, соопштија од РЕК.

Викендов во просториите на АД ЕСМ Дирекција и во сите подружници на компанијата се врши вонредна дезинфекција на работните простории, службените возила и автобусите што се користат за превоз на вработените. Иако, во рамките на компанијата оваа активност се врши редовно , во согласност со прописите, поради состојбата со коронавирусот во наредниот период ќе се спроведува со засилена динамика во име на здравјето на  вработените.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани