,Парови" е темата на музичко сценскиот перформанс, по повод 14 ноември,  роденденот на Народниот театар во Битола, закажан за вечерва во 20 часот

 НУ Народен театар Битола денес (14 ноември 2022 година) го слави  78 роденден. Одбележувањето започна уште од утринските часови во 09.30  со програма за најмладите насловена „Зошто го сакам театарот„. Продолжува вечерва во 19.00 ч.  со Изложба на театарски портрети од Кирил Гегоски и во 20 часот со Музичко-сценски перформанс „За нашиот театар„. 

Професионалниот театар со работа официјално започнува на 14 ноември 1944 година, изведувајќи ја едночинката на Владо Малески – Петтоимениот Ѓоре. Овој датум се смета за ден на основање на Народниот театар Битола.

Првите членови, основачи на Битолскиот театар се: Јорго Цаца, раководител на групата, Вера Вучкова, Димче и Ацо Стефановски, Мери Бошкова, Симо Георгиевски, Славче Матевски, Георги Карев и Јован Бејко. Првиот управник е Аки Павловски (1945).


Од 1980 година театарот работи во нов, исклучително функционален објект, кој на ансамблот му овозможува најдобри технолошки услови за работа.

Од 1945 до 2001 година Битолскиот театар има изведено над 350 премиери и одиграно над 7.000 претстави. Денес тој е несомнено најуспешен театарски ансамбл во Македонија, афирмиран и респектиран не само во поширокиот балкански регион, туку и подалеку.

Со пригодна приредба, децата од комбинираната група во детската градинка "Вангел Мајорот" при ЈОУДГ "Естреја Овадија Мара", се вклучија во одбележувањето на роденденот на Битола, 4-ти Ноември.

За една година на Апла.мк објавени се околу 3000 текстови! Во просек по осум дневно. За 365 дена остварени се над 700 000 прегледи од наши читатели. Ова се бројките со кои нашиот он-лајн портал може да се пофали во првата година од своето постоење.

Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани