Webp.net gifmaker

Директно

Полицискиот  час наместо во 21 часот како што беше случај досега, од среда ќе почнува во 16 часот и ќе трае до пет часот наутро. Ова е заклучок од денешната владина седница. За време на викендот 24 часовен карантин. 

Денеска во Крушево се регистрирани првите двајаца заболени од КОВИД-19. Станува збор за брачен пар, а едниот од нив е вработен во крушевската текстилна фабрика „Фалко“, поради што сите вработени од утре ќе одат во самоизолација, а оваа фабрика се затвора.

Целосно спремна е болницата во Битола таму има и анестезиолози и инфектолози и медицински сестри. Еден целосно физички одделен  дел да биде Регионален центар за пациентите што доаѓаат од тој дел на земјата. Има респираторни машини и места за интензивна нега. Во овој момент вкупната бројка на кревети е 35 со можност да порасне до сто, во зависност од бројот на пацинети има предвид за прогресија и за земање на други делови од болнцата во Битола“, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната пресконференција.     

 

Страница 1 од 137

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани