Webp.net gifmaker

Директно

Во дворот на училиштето „Даме Груев“ во Битола денес се стави камен темелник за изградба на покриен базен, кој е дел од проектот за изградба на 14 пливачки базени на Агенцијата за млади и спорт. Директорот на Агенцијата Дарко Каевски рече дека рокот на изведба е 18 месеци, но според изведувачите можно е да биде готов на крајот на годинава или на почетокот на 2021 година. Инвестицијата е 43 милиони денари.

Боровинката, најсобираната бобинка на Пелистер,  се сели на повисоките планински предели и е со намален плод. Последица е на притисокот од инвазивните растенија, молика, ела, смрека и најверојатно како резултат на глобалното затоплување. Пелистер дава по 200 тони годишно боровинка, но просечната големина на плодот е намалена, вели Тошо Арсов, професор од Факултетот за земјоделски науки и храна, експерт за самоникнати растенија.

Од понеделник во 31 огранок на Здружението на пензионери при месените заедници во регионот на Битола започнува постапката за запишување на огревно дрво за пензионерите. Предвидени се 7000 метри кубни дрвна маса да се распредели на пензионерите од градот Битола и околните села, а огревот да може да се плати на рати. Кубик буково дрво ќе изнесува 2800 денари, а дабово 2900 денари. Од Здружението на пензионери соопштуваат дека запишувањето за огревно дрво ќе трае се додена не се потрошат количините.  

Организацијата на жени на Општина Битола во соработка со Клиничката болница Битола, ќе ја спроведе акцијата „Март- месец на мамографија“ во која е предвидено да се снимат на новонабавениот мамограф 60 жени. Прегледот ќе биде бесплатен и ќе се изведува во текот на месец март.

Битола, наскоро ќе добие три нови детски
градинки. Едната од нив ќе биде лоцирана во просторот на поранешниот Дом за доенчиња
и мали деца, од каде денес за понатамошните планови со овој објект информираа
дополнителен заменик министер во Министерството за труд и социјална политика Санела Шкриељ и заменик градоначалникот на Општина Битола, Емилија Костурски.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани