Webp.net gifmaker

Директно

Откорнети се борчиња од жардиниери поставени на битолското Шеталиште. Ваквиот вандализам предизвика критики од битолчани кои рекреираат во овој дел од градот. Тие велат дека иако се работи за неколку дрвца, секое стебло е добредојдено во градот кој мака мачи со аерозагадувањето.

Со цвеќиња се прекри пругата од Железничката станица во Битола во спомен на над 3000 Евреи од градот кои на денешен ден пред 75 години  со вагони беа депортирани до Скопје, а потоа и до  логорот Треблинка. Цвеќињата на пругата ги положија над илјада битолчани, Евреи од Израел, државни делагации и други гости кои зедоа учество во таканаречениот Марш на живите.

Неколку илјади граѓани на Битола, гости од Израел, политичари, ученици  се вклучија на Маршот на живите по повод  75 годишнината од депортацијата на Евреите од Битола. На Маршот  беше испратена пораката -Никогаш да не се повтори.

Во Битола денеска се организира Интернационалниот марш на животот, како и Комеморативна програма под покровителство на македонската Влада, по повод одбележувањето на 75 години од депортацијата на македонските Евреи.

Државни делегации од Македонија и Израел, претставници на невладини организации, но и голем број потомци на битолски Евреи од Израел, Латинска Америка и САД, најавија дека се приклучуваат

Хор составен од ученици од Израел денес со песна ја исполни Општина Битола. Хористите ѝ испеаја израелски песни на градоначалничката Наташа Петровска, а потоа додека траеше нејзината средба со амбасадорот на Израел, Дан Оријан, учениците се собраа во ходникот на општинската зграда и таму продолжија со репертоарот. Нивните нежни гласови се разнесуваа низ општинските ходници, а на крај им се придружи и амбасадорот Оријан, па заедно го испеаја симболичниот рефрен од познатата песна од Мајкал Џексон „We are the World“..

Офицерскиот дом ќе се загради со лимени барикади до почетокот на реставрацијата за да не може секој еден да влегува внатре и да врши дополнително оштетување, соопшти битолската градоначалничка Наташа Петровска.

Несовесен граѓанин без да размисли подлабоко каква штета може да предизвика, вечерва, си запалил оган во внатрешните простории на Офицерскиот дом во Битола. Огнот го запалил на приземјето, најверојатно за да се стопли.

Потомците на битолското еврејско семејство Калдерон, кои беа разделени на три континенти Европа, Америка и Азија, денес се сретнаа во Битола на 75 годишината од депортацијата на битолските Евреи. Меѓу нив и Сара Ле Гутман Калдерон, ќерката на единствената Еврејка од Македонија, која го преживеала Холокаустот во логорот Аушвиц.

Соња Карапец, е новиот директор на Државниот студентски дом „Кочо Рацин“ во Битола.  Таа доаѓа на местото на Снежана Пажик, која долги години раководеше со домот.

Карапец на последните локални избори беше втора на листата на советници на СДСМ и коалицијата во Битола, но веднаш уште на првата седница на Советот побара  престанок на мандатот.

Нов директор е поставен и во ученичкиот  дом „Мирка Гинова “ во Битола. Таму на челната позиција од вчера е Елена Патче Спасеновска,

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани