2win800x200

Директно

Манаки во Офицерски

Септември 18, 2021

Реставрираниот Офицерски дом денес го покажа сиот свој раскош и блесна со над 200 светилки кои го осветлуваат внатре и надвор и уште повеќе ја потенцираат неговата грандиозност.

 

Ѝ благодарам на публиката што остана до крај да го гледа филмот. Луѓето кои претходно работе на Фестивалот ми кажаа дека многу малку остануваат на премиерата, а потоа се враќаат на коктелот. Тоа што останавте е доказ дека Битола има вистински филмски вљубеници, рече Симеон Дамевски, директор на „Браќа Манаки“. На отворањето беше прикажан филмот „Сестри“ на режисерката Дина Дума, а Пациото во Завод и музеј Битола остана полно со гости, иако поради протоколите со намален капацитет до 250 лица. По проекцијата целата екипа од филмот се поклони пред публиката.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани