Директно

Љубица Стерјова од денеска е новата директорка на ОУ „Тодор Ангелевски“ во Битола, таа доаѓа по предлог на Либерално-демократската партија. Стерјова повеќе од 10 години е  одделенски  наставник , а има и девет годишно искуство како менаџер-асистент и едукатор во УНИЦЕФ на неколку проекти.

ЛДП,  чии лидер е  Горан Милевски,  по поделбата на власта на општинско ниво, доби клучни позиции во управувањето на локалната самоуправа, а веќе ги враќа и старите раководни места во битолското образование.

Горан Козаров најверојатно ќе биде новиот директор на Јавното претпријатие „Водовод“, а Панде Богоевски прв човек на ЈП „Комуналец“, неофицијално дознава Апла.мк. 

Битолчани кои ова утро патуваат за Скопје објавуваат на фејсбук слики од состојбата на автопатот, пишувајќи дека има снег на Плетвар , а песок е фрлен само на коловозот од страната на Прилеп.

-После многу години „Македонија пат“ не се изненадени од снегот туку само полуизненадени- коментираат битолските возачи.  

Лицата со телесен инвалидитет бараат персоналната или лична асистенција да биде законски регулирана  и да се спроведува по европски  терк.

Битолчани ќе се вклучат во лов на загадувачи на воздухот во градот, посебно на оние кои палат гуми и пластики, а информациите ќе бидат доставувани до Општинскиот инспекторат за животна средина. Тоа им го озвозможува прокетот „Сликај, постирај, алармирај“ на Регионалното географско друштво „Геосфера“ кое денес потпиша меморандум за соработката со Општина Битола.

Општина Битола да се откаже од прославата на Нова Година на плоштадот Магнолија и средствата да бидат наменети за набавка на еколошки билборди, побара денеска , Борче Димитровски , советник  од опозицијата во Советот на Општина Битола, обелоденувајќи досега за јавноста непозната информација , дека изминатите години бившата локална власта од ВМРО-ДПМНЕ, трошела околу 50 илјади евра само за дочек на Нова Година.

„Писмото и говорот се во основата на националниот идентитет, а нивните специфичности и особености се вткаени како карактеристични нишки на културната посебност. Но  во исто време, секој говор и писмо во себе ја кријат и потребата да не бидат изолирани, туку да воспоставуваат комуникација за разбирање,  толеранција и  соживот со другите. Прогласувањето на денешниот ден за официјален празник на албанското писмо е составен дел од јазичното и културното богатство на Република Македонија“, истакна премерот на РМ, Зоран Заев, во свето обраќање пред пристутните на завршната свеченост по повод  Денот на албанската азбука, што вечерва се одржа во Центарот за култура во Битола.

2

Владата отвори посебна ставка во буџетот на име Офицерски дом  на која засега се ставени 10 милиони денари за стартот на реконструкцијата на Офицерскиот дом, а и понатаму ќе се издвојат уште средства за целосна санација на објектот, изјави министерот за култура Роберт Алаѓозовски.

Музејот на албанската азбука во Битола за свои потреби ќе ги користи и дуќаните кои се во рамки на објектот каде е лоцирана спомен куќата, соопшти министерот за култура Роберт Алаѓозовски.

Албанскиот претседател Илир Мета денес во Општина Битола беше дочекан на црвен тепих од страна на градоначалничката Наташа Петровска.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани