Street gif

Директно

Со премиерата на најновата продукција на Народниот театар од Битола ,,БАКХИ – КРАТОК ПРЕГЛЕД НА РАСПАДОТ'' по Еврипид а во режија на маестралниот Игор Вук Торбица вчера беа подигнати завестите на 21то издание на Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола во организација на НУ Центар за култура. Двете институции кои делат ист покрив, се здружија во борбата културата во Битола да остане на прво место.

Со прегратка, изведба на јапоснки танц и макесонски ора учениците од најголемото основно училиште во Битола „Климент Охридски“ ѝ се заблагодарија на јапосната амбасадорка во земјава Кеико Ханеда за грантот во износ од 50 000 евра со кој беше реновирана дограмата во школото. Од 1996 до сега преку Јапонската амбасада во земјава реализирани се 66 проекти за подобрување на условите за настава низ училишта во земјава. Досега Јапонија во македонските образовани установи вложила 6 690 667 евра.

Со трска како да е трло е ограден еден од угостителските објекти на Широк Сокак.

Оставка си даде министерот за култура Асаф Адеми во чие време на министерување дел од културните манифестации во Битола останаа без денар или со рапидно намален буџет.

Не се најде чаре за доствувачите на стока во Старата битолска чаршија. Откако неколкупати ги откорнаа од бетонот столбчињата кои ги држат синџирите на двата влеза во чаршија сега за време на викендот ги украле катанците.

Со зурли и тапани, аплаузи и скандирања „Стево, Стево“, СДСМ од Битола ја слави победата на нивниот кандидат Стево Пендаровски на вториот круг од претседателските избори.

Според првичните неофицијални податоци на ДИК од обработени повеќе од половина избирачки места, кандидатот за претседател Стево Пендаровски е во благо водство пред Гордана Силјановска Давкова во Битола.

Имено, од обработени 55,29 проценти од избирачките места, Стево Пендаровски има освоено 48,89 проценти од гласовите, а Силјановска Давкова 47,60 проценти. Во гласови тоа е 10 061 глас за Пендаровски и 9794 гласови за Силјановска Давкова.  .

По избирачки места најголема излезност во Битола до 15 часот е регистрирана во централното градски подрачје, Ушици, Триаголникот, а најмала на едно избирачко место во месната заедница „Димитар Влахов“ и селата Раштани и Граешница.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани