И добитокот го зафати миграциската треска село-град

Мај 26, 2018

Во Битола често може да се види добиток без стопан како се шета по улици, а граѓаните на социјалните мрежи шеговито коментираат дека миграциската треска село-град ја зафатила и стоката.

Стадо овци се напасува низ паркот кај градското шеталиште, неколку коњи пак, станаа постојани жители на градот и битолчани ги гледаат и ги фографитраат на различни локации-во центарот, во Нова Битола како буричкаат по контејнерите пред згради или се движат по  главните сообраќајници, помеѓу возилата. Има и кози, а деновиве во близина на Железничката станица во Битола се заблежани и две крави кои се шетаат по улица. Овие фотографии советниците од Поинаку ги објавија на фејсбук групата Битолски проблеми.

kravi2

Некои шеговито коментираат дека кравите тргнале на чорба во „Путник“ и им дадоа и имиња -Шарка и Белка.

Други велат дека повеќепати е пријавувано во полиција, која доаѓала, но нема решение на проблемот. Граѓаните бараат надлежните да ги  пронајдат и казнат несовесните стопани,  а добитокот да се тргне од улиците низ градот.

kravi1

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани