Едни красат, други гнасат

Мај 27, 2018

Осум контејнери  или 17 кубици  ѓубре биле исфрлени деновиве од околината на станбените комплекси Пелагонка2 и Стара Болница во акција што ја организирале станарите. Но, радоста кратко им траеше затоа што ноќва вандали дивееле во населбата до рано утрово. Искршени шишиња од алкохолни пијалоци, конзерви, срчи, ѓубре од храна се расфрлани насекаде во комплексот.

-Се организиравме, плативме луѓе за да го исчистат ѓубрето во кое се дававме, ама ова веќе ја премина секоја граница. И голем дел од станарите имаат лоши хигиенски навики, го фрлаат сметот наоколу, иако контејнерите им се на 10 метри од зградите, но, најголем проблем е што за време на викендите, во ноќните часови се собираат млади луѓе и оставаат купишта ѓубре. Опасно е децата да ги пуштиме да си играат во тревниците, срчи има насекаде,  се жалат станарите.

Апла. мк во неколку наврати пишуваше за ѓубриштата расфрелени во комплексот згради во строгиот центар на Битола. Иако жителите се потрудиле да ја сменат оваа слика, очигледно е дека навиките тешко се менуваат.

1

3

2

4

5

6

7

8

9

10

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани