Вандали кршат и оштетуваат клупи пред фонтаната кај Музејот

Јуни 04, 2018

Кусо траеја новите клупи кои Општината ги постави пред новата фонтана кај Музејот во Битола. Граѓани објавија слики на кои се гледа дека од една клупа недостасува дел, а другата е значително оштетна, а во незавидна состојба се и останатите. Битолчани на социјалните мрежи прстот го вперуваат во млади несовесни лица кои секој ден и секоја  вечер со ролерки и скејтборди се забавуваат на просторот на фонтаната, но и од други неосвесни граѓани кои под дејство на алкохол и дрога го  оштетуваат партерното уредување. Полицијата според очевидци во неколку наврати реагирала на собирањето на младите со скејтборди, но за жал тие се таму секој ден и покрај тоа што на само неколку десетици метри во градскиот парк имаа простор за забава со скејтборд.

received 249059859164601

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани