2win800x200

Жител од Агларци се обидел да потпали контејнер во Битола, а потоа нападнал и полицаецец

Јуни 06, 2018

Четириесет и седум годишниот О.М. жител на село Долно Агларци, битолско, вчера на улицата „Иван Милутиновиќ“ во Битола, се обидел да го потпали ѓубрето во еден од контејнерите, фрлајќи запалена хартија во него.

Настанот се случи околу 13 часот и 30 минути, во близина на  објектот на поранешната стоковна куќа Јавор. О.М   бил забележан од полицаец кој го регулирал сообраќајот, кој го спречил во намерата. Но, тој почнал расправија со полицаецот, па дури   и физички го нападнал. 

Од полицијата информираат дека по преземени мерки, од слобода е лишен О.М.(47) од село Долно Агларци, битолско и по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани