Дворот на училиштето „Гоце Делчев“, паркинг за несовесните возачи

Октомври 12, 2017

Фотографијата направена денеска, напладне, во дворот на ОУ„Гоце Делчев“ во Битола, е најдобрата илустрација за несовесноста на битолските возачи кои своите автомобили буквало ги паркираат во дворот на училиштето , на спортските терени и под прозорците на училниците. Автомобилите не само што целосно го окупираат просторот наменет за учениците, туку големата фреквенција на возила во дворот директно ја загрозува безбедноста на учениците.

Сообраќајната полиција денеска, само ако посака, би имала полни раце работа.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани