2win800x200

Од телевизорите се ослободуваат фрлајќи ги на улица

Октомври 22, 2018

За некои битолчани улицата се уште останува најпогодно место за да се ослободат од отпадот во домовите. Така, деновиве некои од жителите на улица „Дебарска“ во Битола стариот телевизор го фрлиле на улицата. Потоа, некој го размонтирал на улица и ја зел внатрешноста, а сега пластиката се крши и расфрла по улицата. 

 

Од ЈКП „Комуналец“ велат дека несовесно е ваквиот електронски отпад да се остава по улици кога во повеќе наврати имаат соопштено дека граѓаните можат да се јават на телефон во претпријатието, а комунланите служби ќе го подогнат. 

„Се што треба да направат е да се јават на телефон  и нашите служби кога ќе собираат смет во тој дел од градот ќе го подигнат, а на граѓаните ќе им биде кажано еден ден порано дека другиот ден треба да го извадат надвор за да биде подигнат. Има и друга можност самите граѓани да го донесат во дворот на ЈП Комуналец зашто имаме и пункт за совирање на таков вид отпад“, рече Панде Богоевски, директор на ЈјКП „Комуналец“. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани