2win800x200

Наместо по книги во библиотека, на ноќни пијанки зад библиотека

Октомври 27, 2018

Во строгиот центар на Битола, позади зградата на  Библиотеката и во целиот комплекс Стара болница, секој викенд е истата слика. Нема зелена површина, ќоше, скали, каде не е расфрлано со празни шишиња од алкохолни пијалоци и остатоци од храна.

До раните утрински часови се слуша врева,  а нецивилизираното однесување на младите луѓе е надополнето со купиштата ѓубре расфрлано насекаде- празни шишиња од вино и пиво, срчи, конзерви, по некое празно пакување од сок, смоки и чипси, кеси со остатоци од сендвичи...

За тоаелет им служи  секое ќоше  од зградите  во Стара болница, од каде се шири непријатна миризба.

Никој од жителите не се осмелил да ги опомене. Некои велат  се плашат да влезат во расправија. Но, бараат присуство на полицијата  во комплексот за да ги предупреди овие млади луѓе дека местото не е  за ноќни пијанки, после кои населбата останува во купишта ѓубре
 
19
 
18
 
17
 
 
160
 
14
 
9
 
6
 
7a
 
 
 3a
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани