ПО СНЕГ СЕ ВОЗИ НА ПАТОТ ОД БИТОЛА ЗА РЕСЕН

Ноември 18, 2018

Патот од Ресен за Битола не е исчистен од снегот, покажуваат слики што патници ги постануваат на социјалните мрежи.

Снежните наноси на коловозот се нагмечени од возилата што минуваат на оваа релација.

Од Австомото Сојузот на Македонија јавуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато и по влажни коловози поради врнежи од дожд и снег. На планинските премини Стража, Ѓавато, Буково и Пресека има остатоци од снег на коловозот, но нема забрана за движење на возилата. Препорачуваат намалена брзина на движење и исклучително внимателно управување со возилата.

Од 15 ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2019 година.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани