2win800x200

ЗА 7 МЕСЕЦИ ВО БИТОЛА 176 СООБРАЌАЈНИ НЕСРЕЌИ, OДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ ЗА СЕЌАВАЊЕ НА ЖРТВИТЕ ОД НЕЗГОДИТЕ

Ноември 20, 2018

Расте бројот на сообраќајни несреќи во Општина Битола, соопштија од Општински совет за безбедност на сообраќајот на манифестацијата Денови на сеќавање на жртвите од сообраќајните несреќи. Во првите седум месеци од годинава на територијата на Битола се случиле 176 сообраќајни несреќи од кои три со смртни случаи. И на ниво на држава бројот на сообраќајни незгоди се зголемува. До овој месец во Македонија имало 160 жртви и 6000 тешко поврдени лица во сообраќајни несреќи.

 

„Денешниот настан не е само да се потсетиме на жртвите туку и да ги повикаме сите надлежни институдии, но и сите поединци за одговорно, будно и свесно учество во сообраќајот. Светската здравствена организација кажува дека втора од причините за смртност се токму сообрајните несреќи на учениците од 10 до 14 и на младите од 20 до 24 години. Најчестата причина за несреќите е големите брзини, конзумирањето на алкохол, непочитувањето на прописите“, рече Јасмина Талевска, претседател од Советот за безбедност во сообраќајот во општина Битола.46511040 344986179566603 2889328214889463808 n

46479477 504436910076769 6075721605198118912 n

Иванчо Тошевски, претседател на Комисијата за безбедност во сообраќајот во општина Битола рече дека расте бројот на сообраќајќи во населени места и потребно е да се преземат мерки на превенција.

„Поразителен е фактот што бројот на сообраќајни несреќи расте секоја година се повеќе и повеќе и тоа во населените места, па и последиците се поголеми. Според извештајот од СВР Битола како најчести причини за сообраќајни несреќи во населните места се слабата вертикална и хоризонтална сигнализација. Во соработка со Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот и Комисијата за безбедност и други лица беа изготвени 100 мерки за безбедност во сообраќајот, но од мнозинството во Советот беа отфрлени“, рече Тошевски.

Овој ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни несреќи се одбележува низ многу држави. Во Битола беа вклучени основните училишта „Гоце Делчев, ликовната секција од „Даме Груев“ и „Коле Канински“. Во Битолската библиотека беа изложени повеќе од 60 детски ликовни творби на тема безбедност во сообраќајот, се одржа и литературно читање, а ученици од Музичкото училиште настапија со музички точки. Беше потпишан и договор за изработка на мотоциклистички кодекс, како и договори за формирање на сообраќајни улилишни единици со цел поголема безбедност на децата во сообраќајот.46500987 475924062899968 1055983152138289152 n46474664 2221369171444770 7367117133215432704 n

 

Се одбележаа и 30 години од формирањето на училишната сообраќајна единица при СОУ„Таки Даскало“.

„Уште пред 30 години се јави идеја за формирање на сообраќајна училишна единица во СОУ ‘Таки Даскало’ во Битола заедно со Министерството за внатрешни работи. Оваа училишна сообраќајна единица работи ефективно и продуктивно 30 години, секојдневно, таму каде што има потреба. За жал, кај нас сообраќајната култура е на многу ниско ниво. Учениците заедно со овластените лица од СВР Битоа одат во училиштата и градинките држат предавања. Често пати одат на пешачки премини и крстосници каде им помагаат на малите деца да ги совладаат правилата и прописите“, Гордана Кожуваровска професор во „Таки Даскало“.46517055 324776308118499 7661321280594903040 n

46468511 575147576258759 5758654582397861888 n

46501296 313796389470717 1447099268002217984 n

46480397 290198934934142 1178117762745106432 n

46526170 2230495607233778 7593513092839899136 n

46482552 340284193223669 8051716692356628480 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани