Декември 13, 2018

Прилепски фори низ битолски дуќани

Ноември 29, 2018

Познато е дека Битола и Прилеп се ривали од памтивек,  а сега некој се обидува да им продава прилепски фори на битолчани. Во продавница за облека во центарот на градот, чиј сопстевник е прилепчанец, на излогот се залепени натписи за попуст, каде со познатото прилепско “ЧЕ“, трговците  се обидуваат да привлечат повеќе муштерии.

Иако, најверојатно сопственикот сакал да се пошегува, сепак битолчани се чувствителни на овие прилепски мајтапи, па некои повозрасни жители на Битола, кои се сеќаваат на многу настани и случки поттикнати од меѓусебното ривалство, луто реагаираат на ваквите трговски мамки.  

Соперништвото  меѓу Битола и Прилеп  низ различни периоди, било различно изразувано, влезено е во многу анегдоти, во  познати хумористични досетки за разни настани во историјата, до тепачки на спортски натпревари меѓу навивачките гупи од двата града распослани во Пелагониската рамница и оддалечени само педесетина километри. 
Во тоа вечно  ривалство се крие желбата за докажување кој град во што е подобар или полош, а шегите за соперништвото често се прераскажуваат кога прилепчани и битолчани ќе седнат на заедничка маса.
pp bt 1
pp bt2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани