Street gif

Само во Битола-автопазар на пешачки премин

Декември 10, 2018
 
Несовесноста на  битолчани отиде дотаму што почнаа своите автомибили да ги нудат на продажба на пешачките премини.
Автомобил "опел" извесен период е паркиран на тротоарот веднаш до пешачкиот премин на улицата „Партизанска“ од  зградата „Аурум „ кон маркетот "Шик" кај "Симпо".
 
IMG c4049cfcf157c98f52789ae9271f0ef1 VНесовесниот сопственик ги извадил регистерските таблички и поставил неколку натписи во автомобилот дека се продава ,а  оставил  и телефонски број.
Минувачите се чудат на „досетливоста“ на  својот сограѓани што надвор од сите правила  и прописи, го паркирал возилото и што воопшто  помислил дека на пешачки премин автомобилот побрзо ќе го продаде. 
 IMG ac38331e7b5a4ea59d926baa8831bb36 V
Вработените од околните дуќани, пак се жалат дека не можат да направат  дотур на стока, бидејќи пешачкиот е окупиран и тешко се влегува до пристапите на продавниците.
 
Во исто време  сообраќајната полиција иако често ги контролира возилата на „Партизанска“ само на десеттина метри подолу од пешачкиот премин засега не интервенирала за непрописно паркираното возило. И не само за возилото кое е на продажба, туку и за сите оние кои секојдневно ги паркираат своите автомобили токму на тротоарот пред пешакиот премин .
 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани