Street gif

Хаварисани возила скапуваат по улици, а битолчани нема каде да паркираат

Декември 12, 2018

Се почеста е сликата низ градот на оставени хаварисани возила на  јавни површини, пред зградите или на улиците  покрај  куќите. Со години овој проблем се провлекува, а ваквите возила се оставени буквало насекаде, па дури и на пешачките патеки. ’Рѓосани, со издишани гуми, без регистарски таблички, нивните сопственици ниту се потрудиле да им го најдат чарето. Битолчани реагираат и негодуваат затоа што хаварисаните возила непотребно зафаќаат места за паркирање, кои  секогаш недостасуваат.

Во центарот на градот каде  е тешко да се најде паркинг простор за автомобилите, несовесни сопственици со години ги оставаат и едноставно ги забораваат  своите хаварисани возила. Само на „Партизанска на потегот од „Симпо“ до Музејот има две такви возила, едно е оставено спроти Влашката црква, а друго во близина на Градската библиотека, а ги има уште на неколку локации само во централното градско подрачје.  

Од Комуналната инспекција на Општина Битола велат дека граѓаните имаат право да пријават до нив за одредено хаварисано возило , така што ако возилото е регистрирано нема да се отстрани, но доколку не е, тогаш се поведува постапка за негово отстранување, а несовесниот сопственик ќе подлежи на соодветна казна,  со што и отстранувањето на возилото ќе биде на негов товар.  

Граѓаните , пак бараат надлежните да ги отстранат  овие возила и да се определи локација во Битола каде што ќе може да се складираат хаварисаните автомобили, затоа што сопствениците очигледно не сакаат да платат за транспорт и отстранување , а вака  на оставени хаварисани возила без регистерски таблички никој ништо не им може.  

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани