2win800x200

Пајакот ги „почасти“ непрописно паркираните возила во центарот на градот

Декември 19, 2018

Пајак службата на ЈКП „Комуналец“-Битола и битолската сообраќајна полиција денеска претпладне ги исчистија тротоарите и коловозите од непрописно паркираните возила во центарот на градот.

Полицијата сликаше и запишуваше регистарски таблички , а пајак службата ги креваше возилата, додека некои сопственици пиеја кафе во кафичите во Пелагонка  2. Дел од сопствениците на возила, притрчаа да  ја резубедат  сообраќајната полиција дека задржувањето е кусо време , но отстапки немаше.

Од ЈКП „Комуналец“ Битола за апла.мк денеска потврдија дека од почетокот на годинава до сега пајак службата подигнала 560 непрописно паркирани возила низ градските улици. Возачите ако  на лице место побараат да им се спушти возилото плаќаа само 900 денари казани, но ако нивниот автомобил го однесат во гаражите на јавното претпријатие казната изнесува 1590 денари, за да си го земат назад.  hhh

mmm

48430323 2084547091612930 6251102510216380416 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани