Во Битола се вози и без возачка дозвола, вчера откриени седум случаи

Јануари 18, 2019

Сообраќајната полиција во текот на вчершниот ден при извршени контроли на 247 возачи и возила  во Битола запрела возачи без возачка дозвола, нерегистрирани возила вклучени во сообраќај и ред други прекршоци.

  - При контролата, кај 1 возач откриено е присуство на алкохол и истиoт е  исклучен од сообраќај. При контролата откриено е дека 4 возaчи управувале нерегистрирано возило  , а исто така 7 возачи  управувале возило без да поседуваат возачката дозвола ,а на двајца други возачи одземени им се возачките дозволи.

 

4 лица не користеле сигурносен појас , а 1 возач зборувал на мобилен телефон при управување на возило.

2 возачи  непочитувале првенство на минување и 2 други направиле прекршок при неправилно престигнување. Усно предупредено е едно лице, а додека три други се писмено опоменати.

Со специјално возило “Пајак” 5 возила се подигнати ,а на 7 други им се издадени мандатни платни налози за неправилно паркирање.

На 20 возачи  изготвени им се мандатни платни налози и ќе се соочат со соодветни глоби, а исто така изготвени се и 15 прекршочни налози. Исто така при контролата откриени се и други 12 видови останати прекршоци.                 

  На целото подрачје на Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден има случено 2 сообраќајни незгоди (Прилеп и Битола) од кои во една незгода едно лице се здобило со телесни повреди , а во другата сообраќајна незгода причинета е само материјална штета, стои во извештајот од СВР-Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани