Street gif

Крвава тепачка во ноќен клуб во Битола

Февруари 02, 2019
фото интернет фото интернет

Едно лице е повредно со нож на раката по тепачка во ноќен клуб во Битола, што се наоѓа на Градското шеталиште.

Настанот се случил околу 1 часот по полноќ.

Повредениот ноќта бил згрижен во Битолската болница и му била укажана комплетна лекарска помош.

-Лицето  со иницијали Т.П (26) од селото Маловишта во текот на ноќта е донесено во болницата во алкохолизирана состојба со посекотини на шака и подлактица. Укажана му е целосна медицинска помош , раната е обработена и сошиена.  Но повредениот  ја напуштил болницата по негово барање, иако му било укажано дека треба да биде хоспитализиран, изјави Сузана Конеска портпарол на Клиничката болница-Битола.

 

Се очекуваат подетални информации за настанот од СВР-Битола.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани