Брзо и без возачка се вози низ битолските улици

Февруари 11, 2019

Секторот за внатрешни работи Битола за време на викендот, извршил  контрола врз 1303 возачи и возила и констатирале дека низ градот се вози над максимално дозволената граница.  

При контролата, констатирано е дека 110 возачи го управувале возилото со поголема максимална брзина од дозволената, 23 возачи управувале без возачка дозвола.

Кај 11 возачи е откриено присуство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај исто така 4  возила биле технички неисправни и истите се испратени на технички преглед. Писмено опоменати се 26 возачи ,а на 161 возачи  изготвени им се мандатни платни налози и ќе се соочат со соодветни глоби, а исто така изготвени се и 52 прекршочни налози. Исто така при контролата откриени се и други 42 видови останати прекршоци.    

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани