Ем пијани, ем зборуваат на мобилен

Март 06, 2019

Полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Битола на 05 март, извршиле контрола за брзина, зимска опрема, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, товарни возила,  појас, светло при што биле контролирани 445 возила.

При контролата, констатирано е дека 20 возачи го управувале возилото со поголема брзина од дозволената, седум возачи управувале без возачка дозвола, кај пет возачи е утврдено присутво на алкохол и истите се отсртанети од сообраќај.
Нерегистрирани биле четири возила, на мобилен разговарале двајца возачи и шест возачи не користеле сигурносен појас.
Исто така осум возачи се писмено опоменати, а  на 48 возачи  изготвени им се мандатни платни налози и ќе се соочат со соодветни глоби, а исто така изготвени се и 17 прекршочни налози. Исто така при контролата откриени се и други 18 видови останати прекршоци.

 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани