Поранешната битолска „Соколана“ бившата власт ја дала под кирија на 30 години, за 200 евра месечно, кираџијата и таа сума не ја плаќал редовно

Март 06, 2019

Поранешната битолска „Соколана„ лоцирана во Градскиот парк,  бившата власт предводена од градоначалникот  Владимир Талески ја издавала под кирија за само 200 евра месечно, а кираџијата  Џокер Турист увоз извоз ДООЕЛ Битола и таа сума не ја плаќал редовно. Комплексот кој според познавачите на приликите се простира на површина околу 10 000 квадратни метри вклучувајќи ги поранешниот кафе- бар „Зодијак“, спортското игралиште за мали спортови, паркингот, детскиот забавен дел, тениското игралиште, дуќаните што излегуваат на улица „Партизанска“ и други објекти се дадени под кирија уште во 2005 година  и тоа за период од триесет години.

dogovor

ddddd 45

Апла.мк објави дека тениското игралиште кое е во склоп на објектите е во очајна состојба, а ништо подобра не е ниту ситуацијата со другите објекти. Од Општина Битола потврдија дека од нивна страна покрената е судска постапка за враќање на просторот во владение на градот  поради непочитување на договорните одредби за што за многу скоро се чека судска одлука.

-Времетраењето на овој договор за закуп (согласно член 4 од договорот) се смета од 20.06.2005 до 20.06.2035 година (30 години). Согласно истиот договор закупнината за користење на просторот потребно е да се плаќа најдоцна до 5 ти во тековниот месец во висина од 200 евра, плус ДДВ.

Врз основа на Договор за закуп на спортски објект, склучен помеѓу закуподавецот ЈП за стопанисување со објекти за спорт во сопственост на Република Македонија и закупецот Џокер Турист увоз извоз ДООЕЛ Битола, склучен на 20.06.2005, ДГС Партизан - Битола е даден под закуп. На 19.09.2012, согласно одлука од Влада и одлука донесена од Советот на Општина Битола, општината и Џокер Турист увоз – извоз ДООЕЛ Битола склучија Договор за преземање на права и обврски, велат за апла.мк од Општина Битола.

Кираџијата, Џокер Турист Битола и покрај неверојатно ниската цена на киријата за целиот комплекс (колку за споредба цената на кириите за дуќаните на Широк Сокак месечно се движи од 2000, па дури и  до 5000 евра), и таа не ја плаќал редовно. Повикувајќи се на  склучениот договор Општина Битола сега  има намера 16 години пред завршувањето на договорот за закуп ,комплексот кај поранешната „Соколана“ да си го земе назад.

-Согласно тоа, преземени се и обврските од претходно склучениот договор. Но, од страна на закупецот Џокер Турист увоз извоз ДООЕЛ Битола, закупнината од страна на Џокер Турист беше исплаќана нередовно. Ваквото постапување од страна на закупувачот, е регулирано во член 5 од договорот со Јавното претпријатие за стопанисување со објекти за спорт во сопственост на РМ, каде стои: Овој договор може да се раскине пред истекот на рокот утврден во член 4 од договорот доколку постојат причини кои произлегуваат од неисполнување на договорните обврски од било која страна, а особено доколку закупувачот не ја плати закупнината два месеци последователно, како и со член 10 од договорот, каде закуподавачот и закупувачот се согласни отказниот рок во случај на неплаќање на закупнината да изнесува 30 дена од раскинувањето на договорот, а во сите други случаи на раскинувањето на договорот во рок од 3 месеци. После повеќе писмени известувања од страна на локалната самоуправа до Џокер Турист увоз извоз ДООЕЛ Битола, општината судската постапка ја започна во 2017 година, објаснуваат од општината.

Апла.мк минатата недела објави фотографии од тениското игралиште кое е во склоп на комплексот, запуштено, нечисто и  обраснато со треви, а таква е сликата и за другиот дел од објектите. Битолчани кои ги затекнавме во паркот регираа дека еден од своевремено најубавите делови на Градскиот парк во изминатите години е претворен во срам за Битола.

sokolana 3

sokolana 4

sokolana 5

sokolana 6

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани