2win800x200

Во забрането време се врши дотур на стока во Старата битолска чаршија

Март 18, 2019

Со камиoнчиња,  во било кое време од денот кога фрекфенцијата на пазарџии е најголема се врши дотурот на стока по дуќаните и кафеаните во Старата битолска чаршија.

suup 1

Револтирано, граѓани велат дека ситуацијата е иста секој ден и ретко кој го почитува  правилото дотурот на стока да се врши на колички и тоа наутро и навечер (од 6 до 9 часот и од 17 до 20 часот) кога фрекфенцијата на пазарџиите  е минимална.

sup 2

Ваквиoт  начин на работа што го практикуваат дел од дуќанџиите и нивните добавувачи е недоволно контролиран од полицијата, велат граѓаните и сопственици  на дуќани во Старата битолска чаршија  и бараат почести контроли од надлежните. Синџирите на неколкуте пристапи во Старата  чаршија се тргнати, па некои  несовесни граѓани почнаа да ги паркираат автомобилите во внатрешноста на чаршијата. Од страната на Ат Пазар за влез во Чаршијата јасно  стојат сообраќајни знаци кој дел е пешачка зона , како и тоа дека е забрането движење на моторцикли, автомобили и запрежни коли.

sup 3

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани