Да читаа убајните колку шo фрлаа книги, немаше до ова ѓубре дереџе да сме

Март 31, 2019

Во купиштата смет што вчера ги собраа професорката Марија Магдалена Петковска Микаровска заедно со класот второ шест од Медицинското училиште во рамки на еко акцијата „Мети си со класнето“ имаше и исфрлени книги. Класнето 'на фејсбук профилот напиша „да читаа убајните колку шo фрлаа книги, немаше до ова ѓубре дереџе да сме“.

 

Кон акцијата се приклучија и други ученици од Медицинското училиште и Гимназијата „Јосип Броз Тито“, „Саба“, „Розета Стоун“, „Интерворкс“, луѓе кои живеат околу и други кои сакаат да помогнат.

„Последно, шут од шути луѓе најдовме многу. Се шо можевме собравме. Ни кажаа дека некоја фурна во близина се реновирала и срцето од таму навечер одело да си го фрла ѓубрето. Многу му има дојдено изгледа реновирањето, па неќел да се троши и за ова. И не само тој. Ги има многу“, напишаа учесниците во акцијата.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани